Mandriva Linux

Инструкции за инсталација

Потребна е конфигурација

Во повеќето случаеви, инсталирањето на Mandriva Linux е едноставно така што го вметнувате вашето инсталационо CD во CDROM уредот и рестартирање на вашата машина. Ве молиме обратете се на точка 1.

ЗАБЕЛЕШКА:


Долу се излистани различните начини за инсталација на Mandriva Linux:

  1. Подигни директно од CD-то
  2. Направи дискета за подигање под Windows
  3. Останати методи на инсталација


1. Подигни директно од CD-то

Инсталационото CD автоматски се вклучува. Во повеќето случаеви, само внесете го CD-то во уредот и рестартирајте ја машината. Следете ги инструкциите прикажани на екранот: притиснете го копчето [Ентер] за да започнете со инсталацијата, или притиснете [F1] за додатна помош.

ЗАБЕЛЕШКА:

На некои лаптопи (преносни компјутери), можеби системот нема да може автоматски да се подигне од CD-то. Во таков случај, треба да направите дискета за подигање. За информации видете точка 2.

[најгоре на оваа страна]


2. Направи дискета за подигање под Windows

Ако вашиот компјутер не може автоматски да се подигне од CDROM-от, мора да направите дискета за подигање под Windows како што следи:

За да започнете со инсталацијата:

[најгоре на оваа страна]


3. Останати методи на инсталација

Ако за било која причина претходните методи не се совпаѓаат со вашите потреби (вие сакате да изведите мрежна инсталација, инсталација од pcmcia уреди или ...), исто така треба да направите дискета за подигање:

Ова е листата на сликите за подигање:

cdrom.img инсталирај од CD-ROM
hd_grub.img инсталирај од хард диск (од Linux, Windows или ReiserFS датотечен систем)
можете да го конфигурирате за вашиот систем на: http://qa.mandriva.com/hd_grub.cgi
network.img инсталирај од ftp/nfs/http
ЗАБЕЛЕШКА: треба да внесете network_drivers.img во вашата дискетна единица кога ќе е потребно
pcmcia.img инсталирај од pcmcia уреди (предупредување, повеќето pcmcia мрежни адаптери сега се директно поддржани од network.img)

Исто така можете да го снимате boot.iso на CD и да подигнете од него. Ги поддржува сите методи на инсталација, cdrom, мрежа и хард-диск.

[најгоре на оваа страна]


Исто така можете да користете инсталација во текстуален режим, ако, поради некоја причина, имате проблеми со стандардната графичка инсталација. За да го користите, притиснете [F1] на почетниот екран наMandriva Linux, потоа во конзолата напишете text.

Ако треба да го спасите вашиот постоечки Mandriva Linux систем, внесете го вашето инсталационо CD (или релевантно дискета за подигање), притиснете [F1] на почетниот екран на Mandriva Linux, потоа во конзолата напишете rescue.

За повеќе технички информации видете http://www.mandrivalinux.com/drakx/README

[најгоре на оваа страна]


Долу се главните чекори на инсталацијата:

  1. Внесете го вашето инсталационо CD (или инсталациона дискета ако е неопходно) и рестартирајте ја вашата машина.
  2. Притиснете [Enter] кога ќе се појави Mandriva Linux добредојде екранот и внимателно следете ги инструкциите.
  3. Кога инсталацијата ќе заврши отстранете го CD-то кога ќе се извади (и ако има дискета во уредот); вашата машина ќе се рестартира. Ако тоа не се случи, рестартирајте рачно.
  4. Mandriva Linux ќе се подигне. По подигањето, можете да се најавите на вашата машина под корисничкото име кое го подесивте во текот на инсталацијата, или како "root".

Важна забелешка:

"root" сметката ќе ви дозволи неограничен пристап на вашиот Линукс систем. Не ја користите освен за конфигурација или администрација на Линукс. За секој дневна употреба, користете нормална корисничка сметка која можете да ја конфигурирате со алатката "userdrake", или со следниве команди "adduser" и "passwd".

Среќно со Mandriva Linux!

[најгоре на оваа страна]


За додатна подршка, видете го следново: